Вознемирувачка фотографија која го погоди светот: Имаше само 16 месеци, а умре бидејќи државата го мрази неговиот народ

Малиот Мухамед Шихајет се удавил во реката Наф, на границата помеѓу Бангладеш и Мјанмар, кога со својата мајка, вујко и 3-годишниот брат бегал пред мјанмарските власти.

"Кога ја гледам фотографијата, сакам да умрам. Нема повеќе смисла да живеам на овој свет", рекол таткото на Мухамед, Зафоф Алам, за CNN.

Единствена вина на Мухамед е тоа што се родил како Рохињ. Рохињите, кои многумина ги сметаат за најпрогонувано малцинство на светот, во Мјанмар живеат со векови, но државата не ги признава. Ги сметаат за бенгалски имигранти, граѓани од втор ред. Од друга страна, како свои не ги признава ни соседен Бангладеш. Фатени помеѓу чекан и наковална, веќе со години се изложени на прогонство, а ситуацијата кон крајот на 2016. година толку се влошила што го привлекле светското внимание.

Рохињите го привлекле вниманието кон себе на 9. октомври, кога неколку стотици припадници на милитантната група Харакат Ал-Јакин, во главно Рохињи, нападнале три гранични пунктови во сојузната држава Ракајн, на северот на Мјанмар, и убиле девет полицајци. Властите веднаш започнале страшна безбедносна операција, која целосно излегла од контрола и се претворила во геноцид на Рохињите.

Од тогаш доаѓаат страшни извештаи за систематски ликвидации, мачење, силување, палење на цели села. Властите ги негираат овие обвиненија и тврдат дека станува збор за "безбедносна операција за барање и чистење на осомничени" - вооружени банди и селани колаборационисти.

"Во нашето село на нас пукаа од хеликоптер. И мјанмарските војници отворија оган на нас. Не можевме да останеме дома. Побегнавме и се сокривме во џунглата. Моите баба и дедо се запалени. Војската го запали цело наше село. Ништо не остана, вели Алам, кој нашол спас надвор од Мјанмар.

На удар на критики поради односот кон Рохињите се нашла и актуелната национална државна советничка Аунг Сан Су Чи, позната хероина за борба за демократија и нобеловка, која ја обожуваат во Мјанмар. Неодамна кажала дека за решавање на проблемот се потребни време и простор, а на претставник на ОН му кажала дека одбива да го каже името "Рохињи" бидејќи тој термин за нив е многу емотивен".

"Ако чекате, само ќе ги убиете сите Рохињи. Кога во Мјанмар се одржаа избори, мислев дека тоа, бидејќи победи таа, ќе биде добро за нас. Но, сништата и реалноста се сосема поразлични. Откако дојде на власт, не се промени ништо. И натаму не прогонуваат", тврди Алам.

Мала надеж дава веста дека мјанмарските власти овие денови одлучиле да ги судат полицајците кои се снимале додека тепаат група Рохињи, додека седат на подот со раце на главата. Иронично, снимката била направена во селото кое само два дена претходно го посетила делегација на ОН.

Коментари

Популарно