(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Синот и се удавил додека таа пишувала порака

Едно момче се удавило во базен, додека неговата мајка била на само неколку метри оддалечена од него.

Снимката од еден базен во Кина прикажува дете старо четири години како се обидува да се одржи на површината, додека неговата мајка стои во вода, свртена со грбот.

Мајката пишувала порака на телефон, не гледајќи што се случува со момчето.

Потоа, додека нејзиниот син се уште се борел, таа си заминала како ништо да не се случило, не вртејќи се да види што е со детето.

Коментари

Популарно