Отец Бобан Митевски: Од следната година свештеници нема да одат на огновите

Отец Бобан Митевски, свештеник на Скопската Епархија во интервју за Телевизија Сител, одговори на нападите кои синоќа и денеска „загрижени верници“ ги испраќаат кон МПЦ, поради повикот на МПЦ да се прекине со наводната традиција на палење бадникарски огнови, и чествувањето на Божик да добие црковни елементи.

Иако голем број верници не го послушаа апелот на МПЦ и вечерва горена огнови, сепак обиколката низ скопските маала покажува дека огромен е процентот на верници кои не дојода на бадниковите огнови.

Отец Бобан, вели дека за следната година се предвидува многу пошироки активности за исклучување на Црквата од овие настани.

Тој во интервјуто зборува и за утрешниот величествен настан со организацијата на бадникарските поворки во многу градови и во Скопје, на кои најмладите ќе ја пеат „Вечниот Бог“ како најава за Христовото Раѓање.

Религија.мк

Коментари

Популарно