Од снегот изгубил контрола и се забил во куќа

Снегот го направи своето, вчера во 15 часот и 30 минути на улицата Галишка во Кавадарци се случила сообраќајна незгода во која 54-годишниот Ј.Б. од Кавадарци управувајќи трактор „ИМТ“ со велешки регистарски ознаки поради неприлагодена брзина спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над тракторот и удрил во куќата на Л.Г.

Од полциијата информираат дека по незгодата Ј.Б. е пренесен воболница воКавадарци, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полицијата.

Коментари

Популарно