(ВИДЕО) Калифорнија ја чека катастрофа на деценијата: Небеска река им се заканува да ги поплави!

Најголемата дожделива бура во последните десет години ќе се случи во текот на викендот во Калифорнија и со големи поплави кои таа американска сојузна држава ја погодуваат од почетокот на зимата би можела да претставува пресвртница после шест години рекордна суша.

Метеоролошките служби предупредија дека вистинска „атмосферска река“ ќе се урне врз нивната држава на американскиот запад. Се очекуваат 36 часа неприкинати дождови и снежни врнежи во „Голден Стејт“ каде небото во изминатите шест години било немилосрдно суво.

„Бура на деценијата? Да, се работи токму за тоа“, рекол Анди Морин, хидролог на Националната метеоролошка служба.

Жителите на Калифорнија кои веќе две години имаат рестрикција во потрошувачката на вода се подготвуваат сега за „потоп“ и соочување со високи водостои, клизишта, рушења на стебла и лавини.

Посебно се загрозени подрачјата кои ги зафатиле пожари во последните години, каде вегетацијата исчезнала па има гола земја. Локалните и сојузните власти мора да ги надгледуваат браните на неколку водени текови, поставуваат вреќи со песок за одбрана од поплави и ги евакуираат опасните зони.

Се очекува голем застој во сообраќајот и делумно затворање на автопатиштата.„Атмосферската река“ ќе го зафати и Орегон, северно од Калифорнија и делумно Невада.

Декември веќе бил изразито влажен, а водите во планините на северна Калифорнија, клучни за снабдевање со вода на целата држава, достигнале дури 30-годишен рекорд.

„Поплавите надминуваат историски просек, на пат сме на рекордна година ако дождот и снегот продолжат вака да паѓаат“, истакнува Даг Карлсон, портпарол на калифорниското одделение за водените извори.

Коментари

Популарно