(ФОТО/ВИДЕО) РУСКА ДИПЛОМАТИЈА: Специјалците на Путин кршеа бетон среде Манила

Руска воена делегација, која допатува во Манила, се реши на еден поразличен начин да ја презентира воената подготвеност на нивните специјалци.

Наместо да губат време на срдечни поздрави и досадни говори, руска воена делегација, која допатува во Манила, се реши на еден поразличен начин да ја презентира воената подготвеност на нивните специјалци. Војниците излегоа во главниот парк во Манила и почнаа да го презентираат тоа што најдобро го знаат.

Се тепаа едни со други, вадеа ножеви, пиштоли, пукаа, скокаа пред насобраните жители на градот, како и пред бројните новинарски екипи. Сепак, тоа што најмногу остави впечаток кај присутните беше делот кога војниците почнаа да кршат бетонски блокови и дрвени греди едни од други.

Војниците грабнаа еден од нивните компањони, до држеа исправен, додека врз стомакот му стоеја два реда бетонски цигли. Четврт војник зеде токмак и со сета сила удри врз бетонот. На изненадување на сите, бетонот се раздроби, а војникот врз чиј стомак стоеше тешкиот материјал, стана и се исправи како ништо да не му беше.

Коментари

Популарно