ФОТО: Голема заплена на Блаце – го уловиле со 68 кила дрога

На 5 јануари 2017 година, околу 22:30 часот на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија беше запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од лицето Б.К., хрватски државјанин. На прашање дали има нешто да пријави за царинска контрола,лицето одговорило дека нема ништо за пријавување.При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, пронајден е специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми.

Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Р.Албанија со намера истата да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната требал да добие парична награда. Цената на западно-европскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

Коментари

Популарно