(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА НАМЕСТО СВАДБА: Невестата скокна од прозор пред венчавката

Тоа што зачудува е што минувачите на улицата во почетокот и воопшто не забележаа дека има девојка врз смачканиот автомобил и дека таа неподвижна. Некои од нив дури и се преправаа дека ништо не гледаат.

Врз автомобил паркиран на улицата падна млада девојка, облечена во бел невестински фустан. Таа, како што пренесуваат локални медиуми, требало тој ден да оди на венчавка. Причините поради кои скокнала од прозорецот на зградата во којашто била, не се познати. Но, се претпоставува дека не сакала да стапи во брак кој бил договорен без нејзино одобрување.

Настанот се случил во Кина и снимен е на безбедносните камери. Се гледа мигот кога девојката паѓа врз автомобилот, го крши задното стакло и повеќе не се помрднува.

Тоа што зачудува е што минувачите на улицата во почетокот и воопшто не забележаа дека има девојка врз автомобилот. Некои од нив дури и се преправаа дека ништо не гледаат. После некое време се појави амбулантно возило и телото на девојката беше однесено од местото на трагедијата.

Коментари

Популарно