Хороскоп за 09.01.2017 - Понеделник

Овен

За да ве спречи некој вас денес, потребно е максимално да се потруди, бидејќи вие нема да бидете дел од лицата кои лесно се откажуваат. Со жар во очите ќе трчате кон вашите цели, туркајќи сè што ќе ви застане на патот.

Изразете се себеси! Колку повеќе нешта држите заклучени внатре во вас, толку потежок ќе биде товарот кој го носите на грбот.

Бик

Денешниот ден ќе ви ги помеша односите со соработниците, па можно е одеднаш да ви се појават премногу пријателски или непријателски чувства кон некои од нив. Сепак, не брзајте со носење заклучоци, дајте си време за да проверите на какви нозе стојат вашите врски.

Многу е важно да бидете повоздржани и да не ги наметнувате вашите ставови на работното место. Тоа ќе ви донесе поени плус.

Близнаци

Денес вашиот ум ќе раѓа брилијантни идеи и постојано ќе ве потсетува зошто сте на врвот на вашето работно место. Доколку немате ресурси за да ги реализирате најдобрите од нив, здружете се со друга личност. За танго се потребни двајца, зарем не?

Елоквентноста ќе ви помага да им го заробувате вниманието на луѓето во истиот момент кога ќе започнете да зборувате. Користете ја вашата дарба мудро.

Рак

Денес планетите ќе ви создадат илузија дека можете да му верувате на секого, но не го правете тоа. И самите знаете дека личностите на кои можете да се потпрете целосно се бројат на прсти.

Време е за тешки одлуки, но интуицијата ќе ви помага да го одделите лажното од искреното. Вистината одеднаш ќе ви биде многу очигледна за откривање.

Лав

Денес ќе ви биде поважно отсекогаш максимално да ја искористите огромната енергија којашто ја поседувате. Моќниот изглед ќе ви помогне да ги реализирате и најамбициозните цели.

Само внимавајте доколку вежбате, бидејќи ќе бидете склони да се форсирате себеси и да се преуморувате. Грижете се за вашето тело, но не претерувајте.

Девица

Денес ќе умеете да ја кажувате вистината без да бидете премногу груби и нападни, па луѓето нема да ви се лутат. Олеснете си ја душата, кажувајќи го она што со денови сте го мислеле, а сте се плашеле да го споделите.

Доколку сметате дека заслужувате повеќе на работа, независно дали се работи за проекти, пари или почит, зборувајте за тоа. Само така ќе го добиете она што го сакате.

Вага

Денес вашите идеи ќе бидат фантастични, но наместо да пукате со нив по другите, ќе сакате да работите од зад сцената и ќе бидете доста успешни во тоа. Ќе им ги препуштите аплаузите и пофалбите на другите, знаејќи дека на крајот вие „тивко“ ќе ги надминете.

Смислете одговор на прашањето „Зошто си толку таинствена?“, тоа ќе ви биде многупати поставено.

Скорпија

Денес нема да можете да ги скриете вашите вистински емоции, па не се ни обидувајте. Доколку сте нервозни, зборувајте за причините, доколку сте среќни, споделете го тоа со најблиските.

Во спротивно, ризикувате да ја изгубите довербата на луѓето кон вас. Кога сте во дилема што да одговорите на одредено прашање, претпочитајте ја искреноста.

Стрелец

Ако ви се чини дека сите се однесуваат малку чудно и детинесто, можеби причината за тоа не е во нив. Сфатете го како знак дека сте созреале како личност и дека одамна сте ги надминале оние со кои некогаш сте биле конкуренти.

Не бидете опседнати со вашиот изглед. Можеби не гледате, но вашиот интелект е првото нешто што луѓето го забележуваат кај вас.

Јарец

Денес посветено ќе трчате кон целта дури и кога знаете дека таа е на огромна оддалеченост од вас. Ќе гледате како сите други околу вас еден по еден се откажуваат, но вие нема да бидете како нив. Вашата упорност ќе биде за пофалба.

Вие сте личност која верува дека успехот не доаѓа преку ноќ, па нема да се разочарате ако не видите никакви резултати до крајот на денот. Не грижете се, тие ќе дојдат наскоро.

Водолија

Денес вашите визии ќе бидат приземни и складни со реалноста, па ова веројатно е ден кога ќе успеете да ги реализирате вашите соништа. Сметајте само на сопствената сила и енергија, во спротивно, може да се разочарате.

Можно е на почетокот да ви биде тешко да кажете дали се враќате наназад или се искачувате нагоре. Верувајте во себе, брзо ќе се убедите дека напредувате.

Риби

Ова е еден од оние денови кога продуктивноста ќе ви биде огромна. Не ни помислувајте да кажете „Не можам“ кога ви е доделена одредена задача. Можете и ќе успеете, само во ниту еден момент не се сомневајте во вашите способности.

Доколку немате одговор на одредено прашање или ви е тешко да го одговорите, само насмевнете се. Тишината честопати е најдобриот одговор.

Коментари

Популарно