ВИДЕО: Боки13 - Попот лаже, не го турнав и не му ја скршив ногата

На својот Фејсбук профил Боки Јовановски или попознат како Боки13 објави информација дека точно на Божиќ му се случил немил настан, односно имал физичка и вербална пресметка со свешетено лице, поп.

Според познатиот шоумен, расправијата се случила во близина на неговиот дом, поради паркинг место, а физички и вербално бил нападнат од отец Виктор.

Ваквата негова објава ја разбранува македонската јавност, па следеа безброј коментари и позитивни и негативни, односно јавноста не можеше да се определи што е вистина а што не.

Поради тоа Боки13 реши да ги сподели сите информации, односно да каже точно што се случило преку видео кое го објави синоќа на својот профил.

Коментари

Популарно