ФОТО: Првиот бремен маж во Велика Британија

Хајден Крос од Британија веќе три години живее како маж, но бил роден како девојче.

Тој пред да оди на операција за промена на полот се решил да има дете.

Донорот за сперма го нашол на интернет. Најпрво поднел барање до Национална здравствена служба за да дознае дали неговите јајце-клетки можат да се замрзнат пред да се подложи на операцијата на целосна промена на полот, но неговото барање било одбиено.

„Да се носи дете во утробата е нешто што се поврзува со жените и е во спротивност со чувствата во моето тело. Сакав дете сега за да можам да го променам полот пред да остарам. Ќе го воспитувам детето во опкружување во кое транссексуалноста не е ништо необично па верувам дека тоа нема да биде проблем“ - изјавил Хајден.

Веднаш по породувањето, хируршки ќе му бидат отстранети дојките и јајчниците.

Коментари

Популарно