Зимата ја зеде првата човечка жртва во Србија, нови жртви во Полска

56 годишен жител на градот Врање е првата жртва од студот во Србија оваа зимска сезона. Полицијата соопшти дека смрзнатото тело на 55 годишниот Бадем Алијевиќ било октриено на улица. Поради снегот и екстремно ниските температури во десет општини, во централниот и јужниот дел на земјата , прогласена е вонредна состојба. . Во Полска се регистрирани 10 нови жртви од премрзнување, со што бројот на починати од студ во последниве два месеца се искачи на 65. Студот ги однесе првите човечки животи и во Чешка и во Словачка. Чешките власти соопштија за 6 а словачките за 4 жртви.

Коментари

Популарно