(ФОТО) Трговски центар ги отворил вратите за напуштените кучиња

Еден трговски центар во Истанбул овие денови е во ценатр на вниманието. Посебно за онаа јавност која ги сака животните. Од таму доаѓа една фотографија која ја освои светската популарност и има повеќе од 200 илјади прегледи.

На неа се наоѓаат кучиња, напуштени, но згреани. И се тоа благодарение на големите хумани срца на вработените во трговскиот центар.

Имаше снежно невреме во Истанбул. Оваа фотографија е направена денес во Атриуму, еден трговски центар во Бакиркој, дел од Истанбул во Турција. Забележав и една госпоѓа која ги храни. Ја прашав да ја сликам со кучињата, а таа ми одговори:

- Не е потребно, фотографирај ги нив. Таа е херој! - напишал корисникот споделувајќи ја фотографијата на социјалните мрежи.

Како што можете да забележите, во ходникот на овој трговски центар се поставени картони на кои кучињата удобно се сместени. Вработените ги покриле со меки и топли ќебиња за дополнително да ги стоплат.

Ова можеме да го направите сите, зарем не?

Коментари

Популарно