Хороскоп за 10.01.2017

Овен

Едно е да го покажувате вашиот авторитет, а сосема друго е да се однесувате како диктатор. Денес внимавајте на реакциите, бидејќи може тие да бидат претерани, особено кога наспроти вас стои личност која сака да ве турне од врвот.

Некои овни ќе успеат да ја насочат тврдоглавоста во позитивна насока и ќе постигнат цел која ја сметале за невозможна.

Бик

Вистината не е секогаш посакувана, па внимавајте кога решавате да им ја плеснете на луѓето во лице. Денес тие не само што нема да сакаат да ја прифатат, туку можно е да ги извртуваат вашите зборови за да ви создадат чувство на вина.

Доколку имате потреба да ги искажете вашите чувства, најдете личност на која ѝ верувате безусловно.

Близнаци

Тимска работа? Денес вашиот одговор ќе биде „Не, благодарам“. Ќе сакате да размислувате со своја глава, далеку од коментарите на колегите, па веројатно ќе ги претпочитате самостојните задачи и проекти.

Некои близнаци ќе се соочат со завидливи коментари од свој конкурент. Искористете го брзиот ум за да го „запрете“ со стил.

Рак

Денес животот ќе ви приреди една од оние серии на промени на кои луѓето тешко се адаптираат. Но, не и вие. Ќе бидете пофлексибилни отсекогаш, а вашата желба за компромиси ќе ви помогне да надминете многу пречки.

Не се изненадувајте ако одеднаш придобиете нов статус, на пример идна мајка, партнерка или свршеница. Денот ќе биде возбудлив за вас.

Лав

Не дозволувајте моменталните фрустрации да влијаат на вашиот професионален успех. Доколку не успеете веднаш да постигнете одредена цел, обидете се повторно. Во спротивно, ризикувате да бидете надминати од конкурентите.

Запомнете дека и најуспешните личности се соочуваат со пречки. Нивната тајна е во тоа што не потклекнуваат пред нив.

Девица

Ова не е ден за промени, па воздржете се од експериментирање. Придржувајте се до познатите начини на функционирање и рутините доколку сакате да имате смирен ден.

Кај некои девици можно е да се појави неоснована љубомора. Добро е да научите да ги контролирате вашите чувства за да не си ги нарушите односите со партнерот.

Вага

Подгответе се за изненадувања и непредвидливи случувања, бидејќи денешниот ден ќе ви го приреди токму тоа. Плановите нема да имаат место во следните 24 часа, бидејќи тие ќе бидат променувани во последниот момент.

Препуштете ѝ на спонтаноста и научете да наоѓате убавина во секој момент. Така ќе бидете вистински среќни.

Скорпија

Денес ќе се чувствувате слободно како птица и ништо нема да мразите повеќе од ограничувањата кои ви ги поставува околината. Некои шкорпии ќе се судрат со строг член од семејството и бунтовно ќе го следат своето срце.

Имајте на ум дека секоја постапка влечи свои последици. Научете да ги прифаќате.

Стрелец

Денес љубовта и работата ќе се судрат во вашиот живот, па можно е да влезете во конфликт со партнерот за пари или затоа што не му посветувате доволно време. Бидете особено внимателни доколку имате заеднички бизнис со него.

Не го потценувајте вашиот потенцијал, дури и кога сите останати го прават тоа. Докажете им дека грешат.

Јарец

Денес никој нема да може, а и нема да сака да го погази вашето достоинство, бидејќи луѓето вистински ќе ве ценат. Ранливоста ќе се чита во вашите очи, поттикнувајќи ги луѓето да бидат внимателни кон вас.

Доколку не сте сигурни во вашите чувства, не преземајте ништо во врска со нив. Почекајте додека да се тргне превезот од пред вашите очи.

Водолија

Луѓето понекогаш се прекрасни, а вие денес ќе се уверите во тоа. Некој ќе ви подаде рака во момент во кој ќе ви се чини дека немате излез. Благодарноста ќе го обземе вашето срце, но „испишете“ ја и во вашите постапки.

За некои водолии денот ќе донесе друштвен конфликт. Не им дозволувајте на пријателите да ги потценуваат вашите чувства.

Риби

Не реагирајте бурно на критики, бидејќи тоа може само да го влоши впечатокот на луѓето за вас, но не и да го подобри. Научете да ги прифаќате забелешките и да се менувате во зависност од нив, особено ако тие доаѓаат од лица со поголемо искуство од вашето.

Можно е еден совет да ви отвори море од можности доколку го послушате. Бидете разумни.

Коментари

Популарно