ФОТО: Секоја чест - Боки13 уште еднаш ја докажа својата хуманост

Боки Јовановски или попознат како Боки13 повторно ја докажа својата хумана страна на дело.

Имено тој од пред некој ден на својот Фејсбук профил објави статус во кој бара од пријателите да му помогнат да го најде 68 годишниот бездомникот Свето за кој слушнал на телевизија, бидејќи сака да му помогне.

Боки изјави: „Јас одлучив да се погрижам за господин Стево, да има пристоен живот, да се вдоми во топол дом, да има храна и да го продолжи својот достоинствен живот“.

По неколку часови со помош на фејсбук пријателите Боки13 успеа да го најде Свето.

Веднаш потоа среќен дека успешно ја заврши својата хумана мисија напиша: „Насмени лица, се радуваме од срце. Од овој ладен подрум, чичко Стево ќе го однесеме да преспие на топло, а потоа ќе го вселиме во топол стан каде без да гладува и мрзне ќе го продолжи својот живот“.

Коментари

Популарно