(ВИДЕО) И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ТРГНАА НАСТРАНА: Мажот спобудале кога ја начека сопругата со нејзиниот љубовник

За оние со скршено срце многу е тешко да се помират со фактот дека саканата личност ги заменила со друг/а, но уште потешко е да останат смирени кога ќе се најдат лице в лице со ривалот.

Така, гневот го зафатил и овој господин, чија незавидна ситуација во приватниот живот стана тема на разговор во голем број на портали во Јужна Америка.

Од нервоза и јад поради загубената љубов, човекот со нозе и раце удираше по скапиот автомобил во сопственост на новиот љубовник на неговата сопруга, дури и го повикуваше ривалот да излезе за да се пресметаат, а од пријателите бараше да му донесат било каков предмет со кој би можел да го обие цврстото возило.

Снимката воедно сведочи за тоа дека дури ни на полицајците не им беше сеедно во целата ситуација, но органите на редот за жал не откриле како завршила целата драма, односно дали човекот доброволно се повлекол или имало потреба од интервенција.

Во продолжение, погледнете го видеото.

Коментари

Популарно