Најнепријатниот момент на Златни глобуси: Погледнете како славната актерка се посрамила на доделувањето на наградите

Филмот "La La Land" освои дури седум Златни глобуси, а моментот кога режисерот и сценарист на овој филм Даниел Шазел освоил уште една статуа, стана хит на социјалните мрежи.

Имено, откако бил прогласен за добитник во категоријата најдобро сценарио, актерката Ема Стоун која седела веднаш до него и која во филмот "La La Land" ја игра главната женска улога, веднаш станала да му честита.

Таа сакала да го прегрне, но тој наместо тоа се свртел кон неговата сопруга Оливија. Ема по ова веднаш се извинила поради „двојната“ прегратка, а овој урнебесен момент со брзина на молњата ги зафати социјалните мрежи.

Коментари

Популарно