Временска прогноза

Времето изутрина во Македонија ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури.

Утринската температура ќе се движи од -20 до -9, а дневната од -4 до 5.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до - 18, а дневната ќе се искачи до -2 степена.

Позначителен пораст на температурата ќе има од утрe кога ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието, во јужните делови и на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

Во недела се очекува преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.

Коментари

Популарно