Хороскоп за 12.01 - четврток

Овен

Денес ќе се чувствувате растргнати помеѓу работата, врската, семејството и личните потреби – рецепт за нервоза. Полната месечина која ќе настапи во вашиот сектор на домот ќе формира Голем крст со Јупитер, Уран и Сонцето, туркајќи ве во четири насоки истовремено.

Не се правете суперхерој, бидејќи не можете да бидете насекаде и со секого. Признајте си дека сте само човек и ќе имате полесен ден.

Бик

Искреноста не е секогаш пожелна, на пример денес, па научете како да ја заобиколувате вистината. Полната месечина која ќе настапи во вашиот сектор на комуникацијата ќе биде дел од Голем крст заедно со Сонцето, Јупитер и Уран, правејќи ве збунети и расеани. Можно е туѓите зборови да ви делуваат неразбирливо и нејасно.

Доколку од почетокот на годината чекавте зелено светло за да започнете со реализација на ваша идеја, сега е одлично време за тоа.

Близнаци

Денес ќе ги трошите парите со истата брзина со која ќе ги заработувате. Полната месечина која ќе настапи во вашиот сектор на финансиите ќе ви донесе голема сума, најверојатно поради успешно завршен проект. Но, Месечината ќе формира Голем крст со Сонцето, Јупитер и Уран, правејќи склони кој коцкање и ризикување.

Мислете двапати пред да правите какви било инвестиции, влогови или заеми. Не носете импулсивни одлуки.

Рак

Наздравете! Денес настапува полна месечина во вашиот знак, назначувајќи ве за најсреќна личност. Можно е токму денес да се исполни вашата роденденска желба или пак успешно да завршите проект кој сте го започнале пред шест месеци.

Но, нема да биде сè толку розово. Полната месечина е дел од Голем крст заедно со Сонцето, Уран и Јупитер, влечејќи ве во четири насоки истовремено. Најголемиот притисок ќе доаѓа од вашата потреба да балансирате меѓу личниот, семејниот, професионалниот и љубовниот живот.

Лав

Со месеци се обидувате да спасите врска која пропаѓа? Не повеќе! Првата полна месечина за 2017 година ќе настапи во вашата 12-та куќа на завршетоците и одморот, поттикнувајќи ве да се откажете од нештата кои ве мачат. Не бидете жртвата, туку победникот.

Можно е да реагирате избрзано и импулсивно поради тоа што Месечината ќе формира Голем крст со Сонцето, Јупитер и Уран. Двапати мерете, еднаш сечете.

Девица

Дали знаете да работите во тим? Денешната полна месечина ќе биде дел од Голем крст заедно со Сонцето, Уран и Јупитер, предизвикувајќи ви проблеми во групната работа. Секој, вклучително и вие, ќе сака да биде по негово и тешко ќе наидувате на компромис.

Многу е важно да внимавате што споделувате на социјалните мрежи или во електронската комуникација со клиенти. Можно е да навредите некого ненамерно.

Вага

Патот до успехот нема да биде лесен за вас денес, но со упорност ќе успеете да го стигнете до целта. Полната месечина во вашата куќа на кариерата ќе ви помага да реализирате голем проект започнат во годината која измина.

Но, оваа полна месечина ќе формира Голем крст заедно со Сонцето, Уран и Јупитер, разделувајќи го вашето внимание на четири фронта – работа, дом, семејство, личен живот.

Скорпија

Раширете го вашиот поглед и ќе бидете непобедливи. Денес настапува полна месечина во вашата 9-та куќа на експанзијата и ослободувањето, правејќи ве склони кон ризици. Некои шкорпии ќе го прошират својот бизнис, а други ќе започнат нов.

Денешната полна месечина ќе оформува Голем крст со Сонцето, Уран и Јупитер, поставувајќи ви пречки на професионалниот пат. Можно е да се соочите со тврдоглав клиент, лош соработник и сл.

Стрелец

Денес настапува полна месечина во вашата 8-ма куќа на интимноста и интензивните емоции, фрлајќи ги далеку од вас сите ваши комплекси и несигурности. Ова е ден во кој ќе се чувствувате привлечно, но тоа ќе има своја цена.

Завидливите погледи ќе бидат насекаде поради вовлеченоста на Месечината во Голем крст со Сонцето, Уран и Јупитер. Добро размислувајте пред да влезете во врска.

Јарец

Подготвени сте да ја однесете врската на следното ниво? Денес настапува полна месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Некои јарци ќе ја официјализираат својата врска, а други ќе влезат во врска.

Сепак, љубовта нема да биде лесна тема за вас, бидејќи ќе се чувствувате растргнати на многу страни. Причина за тоа ќе биде вовлеченоста на Месечината во Голем крст заедно до Сонцето, Уран и Јупитер.

Водолија

Нов ден, нова можност за подобар начин на живот. Денес настапува полна месечина во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, помагајќи ви да ги реализирате вашите фитнес и нутриционистички планови. Стрелајте високо.

Но, внимавајте. Месечината ќе биде дел од Голем крст со Сонцето, Уран и Јупитер, „фрлајќи“ проблеми на вашиот пат. Ќе се чувствувате растргнати и ќе се форсирате себеси да правите сè истовремено.

Риби

Денес ќе се чувствувате екстра привлечно и сексапилно, благодарение на полната месечина во вашата 5-та куќа на страста и романсата. Ќе умеете да ги свртите сите погледи кон себе и ќе бидете мета на многу понуди за љубовни состаноци.

Но, вашата убавина може да ве направи екстремно горделиви, па дури и да ве поттикне да глумите недостижност. Причина за тоа ќе биде вовлеченоста на Месечината во Голем крст во Сонцето, Уран и Јупитер.

Коментари

Популарно