ВИДЕО: Жестока тепачка во турскиот парламент

Во турскиот Парламент минатата ноќ дојде до тепачка меѓу пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и на опозициската Репбликанска народна партија (ЦХП).

Ова се случи поради гласањето околу предложените контроверзни уставни реформи со кои треба да се зајакне позицијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Како што јавија турските медиуми тепачката, во која пратениците се туркале и се размениле удари со тупаници, се случила пред собраниската говорница.

Неколку пратеници од владеачката партија ги покажале своите гласови што довело до обвинувања дека партијата врши притисок и се оневозможува самостојно гласање.

Коментари

Популарно