Детали од снимањето на филмот „Убавите села, убаво горат“ - дрога, алхохол и калашникови

„Убавите села, убаво горат“ иако снимен пред две децении сеуште е култен филм.

Но, многу факти поврзани со филмот останале непознати.

Никола Пејаковиќ Кољо, на паузите за снимање ги поминувал со лицата кои вршат деминирање. Оделе на секоја локација пред екипата за да проверат дали има мини.

Војниците кои се појавуваат во филмот не се обични статисти, туку вистински воени лица.

На еден од војниците, продукцијата му остана должна за една дневница, па тој на сетот се појави со кашикара и се заканил дека ќе ги разнесе ако не му ги дадат парите. Дневницата била 20 марки, пишува српски Блиц.

Исто така морале да снимаат и со воени лица кои завршиле во Хаг, бидејки снимањето се одвивало во воена област.

Сцената во која Пејаковиќ и Драган Белогрлиќ играат кошарка едвај била снимена, бидејќи Кољо бил многу пијан. За да прослават за успешното завршување на сцената, се фотографирале сите, но на тоа Кољо не се сеќава.

Коментари

Популарно