Белград во оган и чад: Мигранти во Белград палат што ќе стигнат за да се згрејат(ФОТО)

Мигрантите, претежно од Авганистан и Пакистан, се обидуваат да се згрејат на Централната станица во српската престолнина, која е буквално преземенa од смрзнати и прегладнети бегалци.

Мигрантие палат огнови од се она што ќе го најдат.

Тие се блокирани во соседна Србија, бидејќи Балканскиот пат кон Западна Европа е затворен.

Стотици мигранти чекаат за храна при ниски температури во стар магацин на железничката станица. Волонтери делеа по едно јадење на ден на раселените луѓе кои се сместиле во областа.

-Немаме што да облечеме, немаме ќебиња, немаме подобро место за спиење, немаме бања, немаме ништо – вели мигрант од Авганистан.

Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Европа. Само во Белград нивниот број е околу 2.000.

Коментари

Популарно