Терористички напад во Приштина? - Нападната амбасадата на Холандија

Во Приштина денеска дојде до инцидент, кога двајца маскирани мажи пукале на амбасадата на Холандија.

Како што дознава Пинк.рс, напаѓачите отвориле рафал од калашњиков на зградата на холандската амбасада, а потоа избегале. Странските безбедносни служби кои работат на овој случај, не исклучуваат можност нападот да се случил како одговор на можното предавање на поранешниот шеф на ОВК, Рамуш Харадинај на судот за воени злосторства во Хаг.

Низ албанските медиуми нема ни збор за овој настан, пишува Пинк.рс.

Коментари

Популарно