(ФОТО) 20 повредени во судир на товарен воз со автобус, во Србија

Повеќе од 20 луѓе се повредени при железничка несреќа во Србија, кога товарен воз удрил во автобус кај селото Брасина во општината Мали Зворник, блиску до границата со Босна и Херцеговина.

До несреќата дошло денеска околу 12 часот кога товарниот воз кој се обраќал на линијата Љубовија – Белград поминувал на железничкиот премин кај местото Батар.

Возот удрил во задниот дел од автобусот кој идел од правец на Босна накај Мали Зворник, а според првичните информации повредени се најмалку 20 луѓе, меѓу кои некои биле потешко повредени.

Коментари

Популарно