ВИДЕО: Сузана доби отказ, затоа што на работа изела 2 кришки пршута – Одлуката на судот ГО ШОКИРАШЕ ЦЕЛ БАЛКАН!

Продавачката која добила отказ во Задар поради две кришки пршута стана симбол на работничкиот отпор во Задр, а и пошироко. За неа денеска пишуваат сите медиуми во регионот.

Поради нејзината борба со ветерниците утрово во градот и се протестираше. Сузана Шешо (44) признава дека зела две кришки пршута, но не верува дека поради тоа грубо ја нарушува довербата кон работодавците ниту дека поради тоа требало да добие отказ.

„Да, земав пар кришка салама пред крајот на работното време околу 19 часот затоа што тогаш работевме до 21 часот. Само за момент да го загреам желудникот за да можам да продолжам со работата“, раскажува Сузана Шешо за РТЛ Денес.

Иако тој ден веќе имала пауза за ручек, надзорните камери ја снимиле и по 15 дена добила отаз затоа што ја конзумирала храната на работодавците без одобрение.

Сузана ја започна својата правна битка откако по судски налог е вратена на работа.  Судот во Жупа во Задр ја уважи жалбата на трговскио ланец и процесот е вратен на почеток. Сега повторно нема работа и уште мора да ги плати и судските трошоци.

„Оптимистична сум. Па дури и ако изгубам повторно, јас ќе бидам победник. Затоа што не се борам само за себе. се борам за сите рабоници во Република Хрватска, а особено во трговскиот сектор. Таму сум веќе 15 години и знам дека се што се случило и кој мобинг го трпеа работниците“, додаде таа.

Коментари

Популарно