ВИДЕО: Карлеуша ја расплака натпреварувачката, па си доби лекција

Српската пејачка Јелена Карлеуша често е „најстрашниот“ член од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа често пати е брутална кон натпреварувачите, ги навредува, ги понижува, но овој пат се надмина себе си.

Таа успеа да расплаче една од натпреварувачките, така што кој знае дали оваа девојка по ова повторно ќе фати микрофон. Дали можат да им ги срушат соновите и на најдобрите? Очигледно трнлив е патот до славата!

Од продукцијата најавуваат дека во вториот круг шестчленото жири ќе биде далеку по строго од тоа досега.

Коментари

Популарно