Нови детали од монструозното убиство во Словенија: Мајката на убиецот со изјавата ја шокирала цела држава

Словенечките медиуми откриваат детали за убиството на 26-годишниот Андреј, кое ја потресло Словенија, но и регионот.

На двајцата монструми, 20-годишниот Алеш Оловец и 29-годишниот Мартин Ковач им се заканува казна од 15 години затвор, но Словенците на Фејсбук отвориле страна "Сите ние кои сакаме убијците од Кршко да добијат доживотен затвор". Засега имаат 7.300 лајкови. На страницата објавиле фотографија од убијците со прашање - треба ли Мартин и Алеш да добијат доживотна казна, па побарале сите да ја лајкнат и споделат фотографијата. Засега имаат 9.000 лајкови и 5.400 споделувања.

Авторот на текстот во словенечките медиуми се прашува каков ѕвер може да се крие во човек кога може толку сурово да се однесува кон пријател.

Му се јавиле на братот на убиениот

Братот на убиениот за 24Ur.com рекол дека во понеделникот наутро му се јавиле убијците. Но, не се јавил. Сега се прашува дали сакале да му кажат за брат му или сакале да го нападнат и него. Тешко му е. Вели дека не се јавил бидејќи не му паднало на памет дека нешто итно се случувало, а утрото морал да стане за на работа. За својот брат вели дека бил мирно момче, секогаш подготвено да помогне.

Шокантни изјави на мајката на убиецот

Мајката на Алеш Оловец пред телевизиските камери рекла дека очигледно некој му го "кренал притисокот" и дека затоа така постапил. "Не би го направил тоа без причина", додала таа. На коментарот дека Алеш наводно го претепал Андреј бидејќи зборувал погрдно за неа, рекла дека ни таа не би дозволила некој да зборува така за нејзината мајка и би била подготвена да се бори. "Не би дозволила некој да ја пцуе мојата мајка", додала.

Алеш за убивање веќе пишувал на Фејсбук

Во меѓувреме се открило дека 20-годишниот Алеш, еден од осомничените, во 2013-тата година на социјалните мрежи пишувал дека не му е проблем да убие човек.

"Што овде значи да убиеш човек, јас од зад затворената врата ќе излезам, тој од гроб нема", пишувал тогаш 16-годишниот Оловец.

Коментари

Популарно