ФОТО: Откриена најголемата тајна за Мерлин Монро

Фотографии на бремената Мерилин Монро, кои никогаш не се видени, биле продадени минатата година. Блиската пријателка на Мерилин, Фрида Хал, ги криела фотографиите до нејзината смрт во 2014 година, а пред тоа ја открила приказната која се крие зад нив.

„Фрида беше многу горда што ги има тие фотографии. Раскажа дека се снимени во летото 1960 година, кога актерката била во брак со Артур Милер. Морала да ја крие бременоста, зашто тој не бил татко на детето. Тогаш Мерилин се гледала со францускиот актер Ив Монтан“, рекол сосед на Фрида.

Набрзо потоа, Монро имала спонтан абортус. Таа очајнички сакала да стане мајка, но никогаш не успеала во тоа. Фрида открила дека актерката имала проблеми со јајчниците, па поради тоа тешко зачнала. Пред тоа, изгубила три деца.

Купувачот на овие фотографии издвоил само 2.240 долари, зашто никој не бил свесен за нивната вредност.

Коментари

Популарно