Проширување и редефинирање на „Рамковниот договор“

Долго очекуваната посета на Хан на Македонија и средбите со политичките лидери се случи вчера и не промени ништо. Единственото изненадување, повторно го приреди претседателот Иванов кој ја ескивираше својата средба со Хан и го отстапи комесарот на преставниците на „Заедничка Македонија“. Секако таква средба немаше, затоа што ЕУ не сака да слушне што има да кажат граѓаните кои секојдневно во голем број протестираат против платформата на албанските партии.

Пораката што ја донесоа Хан и ЕУ, веќе ја знаевме. Брзо формирање на „реформска“ влада и исполнување на Пржино и забелешките на Прибе, за побрзо приклучување на Македонија во Унијата. Ниту збор за платформата, ниту за тоа како Македонија ќе влезе во ЕУ, кога во наредниве 10 години не се планира проширување. Нема осуда за изјавите на Рама, ниту за националистичките повици на Села. ЕУ таму не сака да се меша.

Поракати на лидерите на македонските партии до Хан исто веќе чуени. ВМРО ДПМНЕ сака нови избори, додека СДСМ бара мирен трансфер на власта,. Албанскиот блок повикува на смирување на меѓуетничките тензии и формирање на институции во што побрз рок. Празна реторика, слична како онаа на Хан.

Да почнам со ред. ДПМНЕ и новите избори. Се сложувам со Груевски дека нови предвремени избори секако ќе има. Но, не се сложувам дека истите нешто ќе решат. Лидерот на ВМРО веројатно смета, а така покажуваат и анкетите, дека неговата партија на следните избори ќе освои повеќе мандати. Но, дури и во случај ДПМНЕ да освои 61+ пратеници, тоа нема да ја реши кризата. Платформата повторно ќе биде на маса, а доколку македонскиот победник не коалицира со албанска партија, Хан ќе се пресели во Македонија. Албанските политичари ќе шетаат по улица, место во собрание. Сме го виделе ова. Ако на ова се додаде и огромната шанса СДСМ да не ги призане резултатите, пратениците на ВМРО сами ќе си седат во собрание.

СДСМ и мирниот трансфер на власт. Поразената партија во македонскиот блок, сеуште се однесува како победник и со собраните потписи од неколку албански партии бара мандат од претседателот Иванов. Менувајќи ја реториката на секои десетина дена, Заев и сопартијците се обидуват да најдат пат до формираање на влада и покрај блокот кој пред нив го постави претседателот Иванов. Како што и досега пишував, Иванов со не давањето на мандатот на Заев го крши уставот, но нема да се сложам со СДСМ дека со тоа ја продлабочува кризата, која од политичка сега преминува во етничка. Дури и Иванов да се премисли и да го даде правото за формирање на влада на СДСМ, што очекуваат лидерите од Бихачка? Дека народот ќе се тргне од улица? Поминаа повеќе од 3 месеци од изборите, а од СДСМ сеуште не одговориле што од платформата прифатиле за потписите од албанските партии. Прво лажеа дека платформата воопшто не била дел од преговорие со ДУИ, туку дека преговарале за општи правци во кои ќе се движела владата и дека за платформата ќе се преговара по добивање на мандатот и креирањето на владината програма. Кога видоа дека ова не поминува решија да свикаат прес и да престават лажна владина програма. Неколку минути подоцна од ДУИ јавно соопштија дека она што Заев го читаше пред новинарите и јавноста не е договореното со албанските партии кои дадоа потписи. Всушност да беше то владина програма, и Ахмети ќе беше присутен на пресот на Заев, Шекеринска и Спасовски, но....

Како и секогаш, албанските партии повикуваат на смирување на етничките тензии, што како и секогаш тие ги креираа. Политичката криза во Македонија премина во меѓуетничка само поради платформата на албанските партии. Никој и ништо друго не влијаеше на ова. 25 години албанските политички лидери глумат жртви, па по навика тоа го прават и овој пат. И по повеќе од два месеци, лидерите на албанските партии не собраа храброст да му објаснат на населението во Македонија, зошто е потребна платформата и зошто со неа се излегува од Рамковниот договор. Химната, знамето и грбот, не се споменати во документот од 2001 година во Охрид. Во рамката за помирување меѓу Македонците и Албанците не се зборува ниту за албански банкноти или албански амблеми на АРМ и МВР. За геноцидот, кој освен што историски е неточен, исто така нема ништо во Рамковниот, ниту пак за етнички буџет или Албанци во преговарачките тимови со Грција и Бугарија. Од каде сега потребата да се прошири Рамката? Нели Охридскиот ги задоволуваше сите барања на Албанците во Македонија? Што се смени?

Хан си замина. Сигурен сум дека ќе дојде уште неколку пати додека ситуацијава си тапка во место, бидејќи и не гледам шанса да се придвижи на подобро. СДСМ нема да ја отфрли платформата. Заев одбива да превземе одговорност и да зборува за неа. Вели, нема веќе платформи, има владина програма, иако НЕ, НЕМА!!!! Албанските партии ни под разно не сакаат да отстапат од потпишаното во Тирана, а ДПМНЕ овој пат не сака да попушти пред притисокот од надвор. Знаат во ВМРО дека тоа за нив би било погубно. Секогаш кога имало потпишување на некој меѓупартиски договор со странско посредување, ДПМНЕ ја губеле својата позиција. Овој пат, ако ДПМНЕ се повлече, не само што како победник ќе оди во опозиција, туку и ќе изгуби огромен број од гласовите на Македонците, кои сега единствениот спас од платформата го гледаат во нив. Можеби народот ќе остане на улица и нема да дозволи да се имплементира напишаното од албанската платформа, но ДПМНЕ ќе падне многу ниско, ако се откаже од своите позиции.

Во шахот ова се вика пат позиција и се почнува нова партија со свежи сили. Но шахот е само игра. Реалноста е дека ние немаме нова табла, а фигурите се тие. Потегот што може да ја одглави ситуацијата е во рацете на албанските партии, но тие се жртви по навика... дури и кога Села повикува на бркање на Македонци од работа...

Аврор: Пацифист

Коментари

Популарно