Работа во Германија за ПЛАТА ОД 7000 евра - НЕ ВИ ТРЕБА ДОЗВОЛА, НИ ДОКУМЕНТИ!!!

Во Германија повеќето домашни помошнички работат на црно. Меѓу 73 и 85% од домаќинствата на чистачките им плаќаат на рака. Тоа ги покажаа резултатите од студиите на Институтот за германска економија (IW).

Па со оглед на тоа не ни чуди што се голем број на млади девојки почнуваат, најпрво преку фејсбук да најдат „сигурна“ куќа во Германија, за да заработи за леб. Ова се однесува на сите земји на Балканот, а Србија и Македонија не се исклучок.

„Многу домашни помошнички или градинари во Германија работат на црно. Само 350.000 од 2.7 до три  милиони чистачки, бејбиситерки или градинари, колку што се проценува дека ги има во Германија, социјално се осигурани, пишува во неoдамна објавената студија на Институтот за германска економија (IW).

Според пишувањата на јавното мение, работата на црно во приватните домаќинства чини од 15 до 20 % од вкупниот број на вработени на црно. Во споредба со бројот на работници на црно во градежната бранша тоа е мал удел.

Тешко е да се каже колку губи државната каса поради работата на црно во приватните домаќинства. Се проценува дека таа бројка се движи меѓу 10,92 и 28,6 милијарди евра.

Платите на чистачките се движат и до 7000 евра доколку сте во подобра ситуирана куќа. Реалната прикзна е меѓу 3 и 5000 евра.

На црно најмногу работат пензинери, млади и студенти. Мал е бројот на оние кои признаваат дека не е во ред што работат на црно. Експерт од Институтот за германска економија Доминик Енсте вели дека главната причина за работата на црно се високите давачки и законските регулативи.

„За многумина атрактивно е ако тоа самите можат да го направат или некого да го ангажираат „под рака“, вели Енсте.

Енсте додава дека тука засилено се работи и на двојниот морал.

„Граѓаните ги критикуваат политичарите дека премалку работат против работата на црно или нудат доста несигурни работи, а сметаат дека е нормално тоа што во соствените кучи, на куќните помошнички не им плаќаат годишен одмор или боледување во случај на болест“, додава Енсте.

ГЕРМАНСКА „АЛТЕРНАТИВА“ ЗА РАБОТА НА ЦРНО

Обемот на работа на црно во Германија осум години по ред не се намалува. На меѓународната листа, Германија се наоѓа во средината. Но, кога ќе се спореди со САД или Швајцарија, тогаш Германија очигледно е доста атрактивна за работа на црно.

Експертите сметаат дека причина за тоа се големиот број на законски регулативи меѓу кои спаѓаат и минималецот и заштитата од отказ.

Коментари

Популарно