Најтажната велигденска приказна – Мајка ми нема на кого да му даде црвено јајце во недела – Затоа плачам!

Драгутин М. е Србин од Куршумлија кој Германија ја одбра за нов дом. Како и сите, и тој стана носталгичен во пресрет на празникто, па напиша писмо посветено на осамената мајка.

Него ви го пренесуваме во целина, од сајтот toplicjevesti.com.

„Израснав во човек, имам големи деца, а од утринава солзи ми паѓаат низ лицето. Се кријам по дома, срам ми е, се обидувам да мислам на нешто убаво, но не вреди.

Денеска е Велики петок. Се присетувам на детството и нашата мала куќа на планината кај Куршумлија. Мајка ми секогаш после ручекот фарбаше јајца. Сестрите и помагаа, а ние, децата, трчавме надвор. Во недела, на Велигден, мајка ми на секој од нас ни даваше по едно јајце. Беа тоа, некако свечени моменти.

Не има осум, четири браќа и четири сестри. Растевме низ селото и ретко се гледаме. Сите имаме свои деца и внуци. Во селото живее само мајка ми, татко ни одамна почина. Нема ни комшии веќе. Пусто!

Сигурен сум дека мајка ни во овој момент фарба јајца. И тоа за секое свое дете, снаа, зет и секое внуче. Со остарените раце со голема нежност, секое јајце го благословува: За Славољуба, за Драгица, за Милица, За Драгутин… За Сара, Ива, Јана, за Душан… Никој нема да заборави, секое име се изговара нежно како да не милува по главата, како некогаш.

Ги реди црвените јајца во дрвена корпа, и тогаш седунува и долго гледа во нив. По некое време ќе воздишне, како да ја гледам, и со побожен глас вели: „Нека ми се сите тие живи и здрави и да среќата ги прати“.

Мојата мајка инаку нема да има на кого во недела да му даде црвено јајце. Никој од нас не може да ја посети за Велигден, како и многу Велигдени претходно. Таков е животот. Затоа плачам! Мајко фала ти за се!“.

Коментари

Популарно