Се огласи суспендиратанат водителка на Канал5: Цврсто стојам зад сè што кажав

Водителката на утринска емисија на „Канал 5“ телевизија Јелена Спенџарска, која минатата недела беше суспендирана поради недолично однесување кон гледач, по неколку дена се огласи и ја кажа нејзината страна на приказната. 

Признава дека направила грешка и дека нема враќање назад, но, како што напиша на Фејсбук, не може да разбере како може од едно видео на интернет луѓето да сфатат дека таа е најлошата личност на светот. 

„Драги пријатели, после неколку дена отсуство од фејсбук, мислам дека денеска, на најголемиот христијански празник Велигден е вистински ден да се вратам и да ја раскажам својата страна на приказната, која, искрено, ме направи интернет сензација и некако ме фати многу неподготвена за ваквата популарност. Како и во секоја професија,така и во мојата, си станал на лева нога, си имал лош ден, ти прекипало нешто од претходниот ден, некој/нешто те изнервирало - сите си имаме свои жолти минути и нема тука многу што да дискутираме дека сите секогаш сме супер фини и максимално љубезни дали на работа или општо во животот.  

Коментари

Популарно