Најголемата мистерија на патувањата – Кое државјанство го добива бебето кое ќе се роди во авион?

Несекојдневната сцена на патот од Гвинеја до Буркина Фасо ги натера многумина да се запрашаат на основа на што се одлучува која националност ќе му се даде на бебето кое ќе се роди во авион, и дали бебенцето во тој случај добива бесплатна авио карта до крајот на животот.

Како се одлучува која националност ќе има новороденото бебе?

Една од причините зошто Дебора Овен летала дома бремена е тоа поради кое сакала да се породи во Велика Британија и да нејзиното бебе добие британско државјанство, бидејќи и таа го имала. Но, што е со оние бебиња кои се раѓаат во пределите на меѓународните води или над земјите кои немаат никаква врска со мајката?

„Пред се, ако летате над земјата на која е потпишан договор за намалување на бројот на лица без државјанство, тогаш детето ќе има националност на земјата во која авионот е регистриран. Доколку земјата не е дел од тој договор, тогаш локацијата на авионот во меѓународниот воздушен простор ќе ја одреди националноста на бебето. На пример, доколку детето се роди над воздушниот простор на САД, ќе биде Американец. Доколку таа земја не дозволува да детето добие нивно државјанство, тоа ќе ја посвои националноста на мајката или таткото“, вели Танвар.

Истите овие правила важат и за бебињата родени на крузерите.

„Постојат неколку различни фактори кои се земаат во предвид каде ќе се роди бебето во текот на авионскиот лет“, вели социјалниот работник Ваибхав Танвар од Отсекот за виза и имиграција во Велика Британија.

Шна Овен веројатно има еден од најуникатните пасоши на светот, бидејќи под место на раѓање наместо Борнмут, Базилдон и Беркенхед, пишува дека е родена во авион, 16 километри јужно од Мејфилд (Сасекс), пишува National Geographic Србија. Овен сега има 26 години и спаѓа во само неколкумината на планетата и во историјата кои се родени во авион. Како спомен на специфичната околност во текот на раѓањето, родителите му го дале името Shona Kirsty Yves (ницијали SKY – небо).

Нејзиното раѓање во авионот се случило во 1991 година кога Дебора Овен, која се враќала во Велика Британија од работа во Акри (Гана) се породила шест недели пред терминот. Холандскиот доктор Вим Бекер исто така бил во овој авион, па и помогнал да се породи заедно со екипажот од кабината.

„Капетанот потоа објави дека имаме нов патник во авионот. Сите аплаудираа и се служеше шампањ. Пола час подоцна слетавме на аеродромот во Гетвик“, раскажа Дебора за Гардијан во 2014 година.

Колку често бебињата се раѓаат во авионите?

Иако до вакви необични пораѓања доаѓа многу ретко, Шона не е ни прва, ниту пак последно бебе кое се родило во авион. Пред неколку дена светот ја обиколи веста дека Нафи Диаби, која летала од Гвинеја до Буркине Фасо, се породила во авион, а девојчето се родило на 12 километри висина со асистенција на патниците и екипажот од кабината.

Повеќето авио-компании не дозволуваат бремени жени да летаат по 36 недела од бременоста или пак по 32 недела доколку идната мама очекува близнаци или повеќе бебиња“, напоменуваат од Сервисот за национално здравје.

На пример, од авио-компанијата Рајанер очекуваат извештај од докторите дека бремените жени може да летаат по 28 недела од бременоста.

Дали бебето добива бесплатна авио карта до крајот на животот?

Без оглед на државјанството, некогаш се сметало дека сите бебиња родени во авион добиваат бесплатна авио карта до крајот на животот. Сепак, работите не стојат баш така. Шона Овенс на пример добила два повратни авио билети за било која дестинација во светот за својот 18 роденден, а од Виргин Атлантик на бебето Вирџинија (која се родила во авион од оваа авио комапнија) и подарија бесплатна авио карта до 21 година.

Изгледа дека најдобро минало бебето кое минатата година се родила во авио компанијата Бурак Ер, а која е наградена со доживотна бесплатна карта преку нивните компании.

Коментари

Популарно