Оглас за вработување: Плата до 50.311,00 денари

Врз основа на член 54,63,64,125,125-а, 127,131,132,133,134,135 и 142 од Законот за висоиото образование, член 3 став 1 од Заионот за вработените во Јавниот секгор и член 22 став 3 и член 23 од Законот за работни односи УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП
 
Распишува 
КОНКУРС
за избор на наставници и асистенти-докторанти на единиците во состав на Универзитетот
 

1. ФАКУЛТЕГ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
1.1 Асиствнт-докторант за научната област:
- Парадонтологија и Орална патологија - (1 извршител) за време од пет години
1.2 Наставник во сите звања за наставно-научната област:
- Анатомија - (1 извршител) за време од пет години
1.3 Наставник во сите звања за наставно-научната област:
- Инфектологија - (1 извршител) за време од пет години
1.4 Наставник во сите звања за наставно-научната обласл
- Клиничка фармација • (1 извршител) за време од пет години
1.5 Наставник во насловно звање Насловен доцент/ Насловен вонреден професор за наставно-научната област:
- Имунологија- (1 извршител) за време од пет години
1.6 Наставник во насловно звање Насловен доцент/ Насловен вонреден професор за наставно-научната област:
- Нуклеарна медицина- (1 извршител) за време од пет години
1.7 Асиствнт-докторант за научната област:
- Анатомија - (2 извршители) за време од пет години
1.8 Асиствнт-докторант за научната област:
- Хепато-гастро ентерологија - (1 извршител) за време од пет години
1.9 Асистент-докторант за научната област:
- Хемија - (1 извршител) за време од пет години

2. МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ
2.1 Наставник во сите звања за наставно-научната област
- Производно машинство, технологии и системи - (1 извршител) за време од пет години

3. ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА
3.1 Асиствнт-докторант за научната област:
- Хотелски инженеринг 
- (1 извршител) за време од пет години

4. ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
4.1 Наставник во сите звања за наставно-научната област
- Е-Бизнис- (1 извршител) за време од пет години
4.2 Наставник во сите звања за наставно-научната обласп
- Меѓународна економија- (1 извршител) за време од пет години

5. ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ
5.1 Наставник во наставно-стручно звање-Виш лектор за наставно-научната област:
- Англистика- (1 извршител) за време од четири години

6. МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
6.1 Наставник во насловно звање Насловен доцент за наставно-научната област:
- Видови на инструменти-Џез тапани- (1 извршител) за време од пет години
6.2 Наставник во насловно звање Насловен доцент за наставно-научната област:
- Видови на инструменти-Џез бас и Музичка продукција - (1 извршител) за време од пет години

Критериуми за избор:
За доцент може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, просечен успех од најмалку осум на студиите на прв и втор циклус за секој циклус посебно, објавени најмалку четири научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или два научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, постигнувања во примената на истражувачките резултати и способност за изведување на одделни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

- За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научноистражувачки трудови во соодветната област во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публ икации или три научни труда во научно списание со импакг факгор во последните пет години, учество во научноистражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научноистражувачките резултати, придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

- За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, објавени најмалку шест научноистражувачки трудови во соодветната областа во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или четири научни трудови во научно списание со импакг фактор во последните пет години, кое учествувало или раководело со научноистражувачки проект и кое има придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на сите видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

- За доцент, вонреден професор и редовен професор по стручно- уметничките предмети може да биде избрано и лице без научен степен доктор на науки, кое има завршено соодветно високо образование од втор степен. признати уметнички и стручни дела, односно остварувања кои се од особено значење за афирмација на културата и уметноста во и надвор од земјата, како и способност за наставна работа. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

- За виш лектор може да биде избрано лице кое има завршено студии од втор циклус од научна област во која се избира, објавени научни и стручни трудови и покажува способност за наставна работа. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип

- Афирмирани научници, стручњаци од практиката и уметници на високообразовна установа, кои ги исполнуваат условите за избор во звања, а за кои нема слободно место за избор во наставно-научно, односно наставничко звање можат да се избираат во звањето насловен доцент и насловен вонреден професор, според условите и постапките утврдени со Законот за високото образование. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законот за работни односи и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев* - Штип.

- За асистент - докторант може да биде избрано лице кое има завршено втор циклус студии од соодветно научно, односно уметничко подрачје, има остварено просечен успех од најмалку 8,50 на прв и втор циклус на студии, има познавање од англиски јазик кое кандидатот го докажува со потврда за познавање на јазикот и тоа (TOEFEL) - најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјугер не постар од две години од денот на издавањето, (IELTS) - најмалку 6 бода не постар од две години од денот на издавањето, (T0LES) - базично познавање (Foundation level),(ILEC) - положен co ycnex најмалку Б2 (B2) и Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Cerficate of Preliminary English) - (Bl), како и да покажува способност за наставно-научна, односно наставно- уметничка дејност. Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови пропишани со Законотза работни односи и Правилникотза критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни и наставни звања на Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип.

- Кандидатите од точка 1.5 до точка 1.9 кои ќе бидат избрани на овој конкурс, ќе го задржат работното место во институцијата во која се вработени, а согласно договор ќе обавуваат настава на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип (член 133 од Законотза високото образование).
- Распоред на работно време и плата:
- Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
- Неделно работно време-40 работни часа (од понеделник до петок)
- Основна нето плата за: Доцент-38.143,00 ден.; Вонреден професор- 43.660.0 ден.; Редовен професор-50.311,00 ден; Виш лектор-31.344,00 ден; Насловен доцент-700, 00 ден./час; Насловен вонреден професор- 800.0 ден./час; Асистент-докторант-22.505,00 ден (400,00 ден./час за ангажирани по основ на договор-од точка 1.7 до точка 1.9).

Потребни документи за кандидатите за избор во Асистент- докторант и во наставни, наставно-научни и наставно-стручни звања :

- пријава;
- диплома за завршено соодветно образование-за одбранет маги- стерски/докторски труд (еден примерок од дипломата оригинал и три копии заверени кај нотар; странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените);
- Уверение за положени испити на прв и втор циклус на студии
- кратка биографија (во четири примероци);
- список на објавени научни и стручни трудови
- по еден примерок од трудовите;
- потврда дека се служи со еден од светските јазици за кандидатите за избор во наставни и наставно-научни звања
- потврда за познавање на англиски јазик (TOEFEL, IELTS, TOLES, ILEC- Б2 (В2), Cambridge Certffikate-Bl) за кандидатите за избор во асистент- докторант;
- препорака од најмалку 2 (два) професора (вонреден/редовен) од соодветната научна област за која се врши изборот- за кандидатите за избор во асистент-докторант и доцент;
- препорака од претходниот работодавач (доколку кандидатот бил вработен)- за кандидатите за избор во асистент-докторант и доцент;
- еден примерок од магистерски/докторскиот труд;
- уверение за државјанство;

Конкурсот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.
Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот).

Документите се доставуваат до архивата на:
1. Факултет за медицински науки-Клиничка болница Штип ул. „Љубен Иванов" бр. 25 (Одделение за педијатрија); тел. 032-550-400;
2. Машински факултет- ул. „Браќа Миладинови" ББ, Виница тел. 032 550-850;
3. Факултет за Туризам и бизнис логистика-ул. ,,7-ми Ноември" бб, Гевгелија; 032-550-350
4. Е ки факултет- ул. „Генерал Михајло Апостолски" бр. 30 (Пионерски дом), Штип тел. 032 550-300;
5. Филолошки факултет- ул. „Железничка" бб, Штип; тел. 032-550-180;
6. Музичка академија- ул. „Цветан Димов" бб, Штип тел. тел. 032-550-200.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат

Коментари

Популарно