Дали „Нутела“ содржи канцерогени состојки ?

Нутела се најде во фокусот на медиумите по извештајот на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) кој всушност се однесуваше на палминото масло.

Имено, во мај 2016 година ЕFSA објави извештај според кој во рафинираните растителни масла, при процесот на обработка на над 200 степени целзиусови, се создаваат материи кои предизвикуваат рак. Овие материи ги има во речиси сите растителни рафинирани масла, но во крајно високи дози се застапени особено во палминото масло.

Според истиот извештај, најбезбедни се ладно цедените растителни масла.

ЕFSA истражувала 3 супстанции кои потекнуваат од гликодил, а истите ги има во растителни масла: глицидил естери (ГЕ), 3-монохлоропропанедиол (3-МЦПД) и 2-монохлоропропанедиол (2-МЦПД).

EFSA докажала дека инциденцата на тумори расте кај глувци и стаорци под влијание на овие супстанции. Дополнително, овие материи се токсични за бубрезите на животните и го нарушуваат машкиот репродуктивен систем.

Затоа Д-р Хеле Кнутсен, претседавач со КОНТАМ панелот при EFSA, тврди: „Има доволно докази дека глицидол е генотоксичен и карциноген, и затоа панелот не воспостави безбедни нивоа на внес.” За да биде појасно, регулаторната токсикологија ги дели штетните материи на карциногени и некарциногени. За карциногените – нема безбедно количество на внес!

Оттука, прашањето е: во кои продукти го има палминото масло? Нутела секако содржи палмино масло во релативно висок процент, иако производителот тврди дека тие користат побезбедно палмино масло. Како и да е, листата на производи кои содржат палмино масло е многу долга.

Како да се заштитиме?

Едноставниот одговор е: да одбегнуваме производи кои содржат палмино масло.

Еден од најзастапените производи во кој исто така се додава палмино масло е сирењето. За сирењето, како и за останатите производи кои содржат палмино масло, во следниот текст. Патем, во Република Македонија минатата година се увезени над 8 илјади тони палмино масло…

Коментари

Популарно