Уште една жртва на скопскиот гинеколог ја раскажа својата приказна

Откако во јавноста се обелодени информацијата за гинекологот од Скопје кој со месеци лажел жена дека е бремена и дека чека машко дете, по многу неуспешни обиди да остане бремена, многу жени кои ја претрпеле оваа душевна болка собраа храброст да ја раскажат својата приказна. Уште една жена се охрабри и за Либертас.мк раскажа каков пекол поминала.

- Ми рекоа да не се вознемирувам околу документ кога во себе имам ембрион. Ми ја погодија слабата точка. Се радував, бев пресреќна што конечно успеав да стригнам до ембриотрансфер. Постојано го галев стомакот надевајќи се дека ќе забременам, изјави за Либертас уште една од жртвите на гинекологот вработен на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Таа немала документ па затоа со години молчела за случајот:

- Се случи лажниот трансфер ме оставија да лежам во сала повеќе од еден час сама иако горе имав соба јас лежев во сала – изјави жената и додаде дека веднаш по зафатот на нејзиниот сопруг му било наплатено „на рака“. Докторот образложил дека „не му работи фискалната машина“ и заминал. Лежев две недели со надеж дека ќе успеам да забременам – ја раскажува жената својата приказна.

На жената чиј идентитет останува непознат не и дале никаков документ а тоа и го разгорило сомнежот.

За потсетување, скопскиот гинеколог со месеци лажеше жена дека е бремена на 40. години по неуспешни обиди да забремени. Потоа без вина на совеста рекол дека тоа го правел за нејзино добро, за да ја опушти.

Овој случај предизвика лавина коментари кај македонската јавност.

Коментари

Популарно