(ФОТО) Типов е побогат и од Путин – Нема да ви се верува колку тежи најбогатиот Русин

Форбс откри кој е најбогатиот Русин. Тоа е Леонид Михељсон, ко-сопственик на рускиот производител на гас „Новатек“ и тежи 18,4 милијарди долари.

Тој го зголеми своето богатство за четири милијарди долари во споредба со минатата година, а на Форбс “листата на 200 најбогати руски бизнисмени“ по вторпат ја држи првата позиција. Според оваа ранг листа, вкупното богатство на 2000-те најбогати Руси пораснало до 460 милијарди долари, што е повеќе од 100 милијарди долари во споредба со лани. Исто така бројот на милијардери во Русија пораснал од 77 на 96.

Овој раст предизвика зајакнување на рубљата во однос на доларот, како и поволни услови на глобалните пазари за суровини и материјали. Како резултата на тоа на второо и третото место на листата на Форбс се „кралевите“ на челик, Алексеј Морадошов,сопственик на рускиот производител на челик Северстал со 17,5 милијарди долари и Владимир Лисин , извршен директор на фабриката за челик NLMK, со богатство проценето на 16.1 милијарди долари

Коментари

Популарно