(ВИДЕО) Бонучи му го побара дресот на Меси, па доби „воспитна“ од Киелини

Откако се беше јасно на Камп ноу вчеравечер Леонардо Бонучи реши да не си оди со празни раце дома, па го искористи моментот да му го побара дресот на еден од врвните светски фудбалери.

Дефанзивецот на Јувентус очигледно свесен дека и други ќе сакаат мал сувенир од најдобриот фудбалер на денешницата, на сред игра му довикна на напаѓачот на Барселона и го праша дали ќе ги разменат дресовите.

Овој потег не му се допадна на Џорџо Киелини, кој му даде една „воспитна“ на својот колега од одбраната.

На крајот желбата на Бонучи сепак беше исполнета, Меси го замени дресот со Италијанецот.

Коментари

Популарно