(ФОТО) ЗДРОБЕНИ ВОЗИЛА НА „ПАРТИЗАНСКА“: Тешка сообраќајка вечерва кај поликлиниката „Букурешт“

На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје

Тешка сообраќајката се случи вечерва на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ во близина на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје. Во сообраќајката учествувале две возила со скопски регистерски таблички. Марките на возилата се „пежо“ и „алфа ромео“.

Двете возила, како што може да се види и од фотографиите направени од местото на сообраќајката имаат значителни оштетувања. На местото на несреќата пристигна и возило на Брза помош, но засега нема информации за повредени лица во овој карамбол на една од најпрометните сообраќајници во Скопје.

Според очевидците причина за сообраќајката е непочитување на поставената сигнализација. Полицијата е излезена на терен и врши увид. Сообраќајот не е во прекин.

Превземено од  http://telegraf.mk/

Коментари

Популарно