ВИДЕО: Лазаров зема револвер во рака за Барселона

Најголемата шпанска ракометната екипа, Барселона приреди вистинско изненадување со својата најава за претстојниот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против германски Кил. 

Всушност, шпанскиот шампион за кого настапуваат нашите репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров направија интересен видео запис, во кој ракометарите глумат каубојци од Дивиот Запад. 

Во продолжение ве оставаме да уживате во овој видео запис во кој 18. величенствени на шерифот Чави Пасквал најавуваат голема борба против германскиот гигант Кил. 

Коментари

Популарно