(ФОТО) Ова е терористот што уби полицаец во Париз

Еден полицаец е убиен додека двајца други се сериозно ранети од напаѓачот кој со калашњиков дивееше синоќа на Шанзелизе во центарот на Париз, јавуваат британските медиуми.

Наводниот терорист на Исламска држава, идентификуван како 39-годишниот Карим Шеурфи, кој бил во затвор 20 години поради обид да убие полицајци во 2001, го паркирал својот автомобил марка „ауди“ и почнал да пука откако полицајците сопреле на црвено светло на славната париска авенија.

Еден сообраќаен полицаец загинал на лице место откако бил погоден во глава, а уште двајца биле повредени пред Шеурфи да биде застрелан од вооружени полицајци.

Заталкан куршум испукан од терористот ранил една туристка што поминувала во близина. ИСИС ја презеде одговорноста за нападот.

Личната карта на напаѓачот била најдена во автомобилот што го возел, по што е потврдено дека им бил познат на безбедносните служби за повеќе неодамнешни прекршоци, а бил означен и како „екстремист“.

Тој бил приведен минатиот месец откако се обидел да купи оружје „за да убива полицајци“, но бил пуштен поради недостиг од докази.

Коментари

Популарно