ВИДЕО: Путин одобрил 400 милиони евра за ова!

Русија ќе добие ловци од петтата генерација, нови интерконтинентални балистички ракети и можеби први хиперсонични ракети на светот. Од друга страна, експертите сметаат дека можностите и плановите на Министерството за одбрана после санкциите ќе бидат значајно редуцирани.

Во Русија во 2020 година се завршува програмата за модернизација на армијата вредна 22 билиони рубљи (392 милијарди долари). По нејзиното завршување армијата ќе поседува околу 70% модерно оружје.

Новиот проект на набавка ќе биде усвоен во наредните месеци. Според извештајот на центарот за анализи и стратегија и технологија, вниманието ќе биде посебно посветено на пораки на високопрецизно оружје и средства за нуклеарно одвраќање. За наредните седум години на воениот врв му се потребни 30 билиони рубљи (536 милијарди долари) . Експертите меѓутоа, се сомневаат дека владата во кризниот период ќе може да најде толкава сума.

Коментари

Популарно