ВИДЕО: Охриѓанецот Ристе повторно ја полуде публиката на „Ѕвездите на Гранд“

Охриѓанецот Ристе Ристески (21)  вчеравечер директно влезе во следниот круг од натпреварот, откако со своето пеење допре до буквално секој член од жирито на музичкото шоу „Ѕездите на Гранд“. Па така гласовите се редеа едно по друго уште додека тој ја пееше првата строфа од песната „Од милијун жена“ на Тони Цетински.

Само Аца Лукас ја држеше неизвесноста до самиот крај, па не се знаеше дали Ристе продолжува без бараж понатаму, но Лукас на крајот го притисна копчето со реден број два.

Креативна споредба помеѓу Ристе и другиот натпреварувач направи пејачката Марија Шерифовиќ, која рече за Никола изгледал како комарец кој дошол да скока на сцената, па дошол бумбарот и го изел, мислејќи на Ристе.

Овој комплимент беше добредојден за нашиот натпреварувач кој со песната „Срце ни је камен“ од Тоше Проески, уште повеќе дигна енергија во салата.

Повеќето членови од жирито нагласија дека и пред да почне да пее би му дале глас, до толку имаат довреба во него. 

Оние кои вчера беа пред малите екрани сигурно се ежеа во минутите кога Ристе пееше, а за останатите во продолжение еве видео од емисијата.

Слушнете го Ристе Ристевски како пее од следнава минутажа 3:20.

Коментари

Популарно