Ќе врне само во....

Денеска е понеделник, 24 април 2017 година, 114-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 251 ден. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 41 минута,  а ќе зајде во 19 часот и 23 минути.

Денов трае 13 часа и 42 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 4 часот и 40 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута.

Временска прогноза

Времето во западниот и централниот дел на Македонија ќе биде променливо облачно со можност за врнежи во Охридско, додека во источниот дел од државата ќе биде сончево со ветер со променлив правец. Минималните температури ќе се движат од минус 3 до 6 степени, а максималните од 11 до 21 степен целзиусов.

На повисоките места во Осоговско-Малешевски регион утринските температури ќе се спуштат под нула, а потоа под влијание на топла воздушна маса и јужно струење ќе бидат во пораст.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со минимална температура од 3 степени, додедка максималната ќе достигне до 18 степени целзиусови.

До четврток ќе преовладува стабилно и значително потопло време со умерен јужен ветер, а од петок се очекуваат повремени врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури. 

Коментари

Популарно