ЕУФОР: Дали на Блаканот ќе има војна?

Командантот на Силите на Европската унија (ЕУФОР), генерал-мајорот Антон Валднер смета дека во Босна и Херцеговина или во соседството нема да има војна.

– Оваа земја, со огромна меѓународна поддршка, веќе две децении ги одржува мирот и стабилноста. Не гледам какви било индикации дека тоа ќе се промени. Не гледам дека каква било војна ќе се случи тука или во соседството. Факт е дека тука нема конфликти за територијата со соседите, изјави Валднер во интервју за „Дневни аваз“.

Командантот на ЕУФОР ја коментираше изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за „Фајненшел тајмс“, каде спомена можна војна на Балканот и во БиХ.

Валднер смета дека е факт оти Вооружените сили на Босна и Херцеговина (ОСБиХ) се „една успешна приказна и дека успеале да ги соединат припадниците на сите народи да носат иста униформа“.

– Моето мислење е дека реформите во секторот на безбедноста се еден голем успех што е постигнат тука. Гледајќи одовде, не го гледам истото што и Јункер, истакна Валднер.

„Дневни аваз“ потсетува дека Валднер ја вознемири јавноста со најавата дека „нема да се двоуми да ги повика резервните сили во случај да биде потребно“.

– Додека се подготвував за оваа функција, увидов дека дошло до значително намалување на бројот на силите во однос на почетниот состав на Силите за стабилизација на БиХ (СФОР). Имаме ограничен број на луѓе, а мандатот се уште, помалку или повеќе, е ист. Имено, ако во одредени ситуации сакаме да регираме, треба да ги повикаме резервните сили. Во нашите планови постојат неколку чекори за зајакнување на ЕУФОР, нагласи Валднер, додавајќи дека таа изјава ја дал со цел да потсети на тоа, а не да упати некоја одредена закана.

Тој наведе дека нема потреба од покажување на „мускулите“ со користење на воена сила.<

Коментари

Популарно