(ВИДЕО) Храбар морнар скокнал од 12 метри височина за да го спаси огромното морско суштество

Неверојатното видео од екипажот на брод од Бахамите кој спасува кит заплеткан во рибарска мрежа го обиколи светот на социјалните мрежи.

Еден од членовите на екипажот на бродот, Чеки Ел Мокрани, регистриран на Бахамите, се фрла над 12 метри високата палуба и паѓа во морето на пола метар од огромниот цицач, пренесува Daily Mail.

Храбар морнар скокнал од 12 метри височина за да го спаси огромното морско суштествоско суштество потоа му допливува на китот до главата и пробува да го отплетка од мрежата. Наскоро му се приклучува уште еден морнар па заедно го ослободуваат животното. Остатокот од екипажот весело го поздравува китот кој си отпливува кон длабочините на океанот. 

"Ова е навистина пријатно за гледање, добро е да се види дека има луѓе кои се грижат и кои се подготвени да го ризикуваат животот или здравјето со цел да ја зачуваат планетата", напишал еден корисник на Јутјуб, а и многу други го поздравуваат ова "фантастично хуманитарно дело".

Коментари

Популарно