(ВИДЕО) Бомба во руско училиште, загина еден студент

Еден ученик загина, а најмалку 11 се повредени во експлозија во една училница во основното училиште во руската република Дагестан. Тројца од повредените ученици се во критична состојба, соопшти локалната болница за РИА Новости.

Бомбата експлодираше во компјутерска сала, изјави директорот на училиштето Шамил Aбакаров.

“Според потврдени информации, експлодирала рачна граната во компјутерската сала на гимназијата. Бомбата ја донел еден од учениците”, изјави портпаролот на локалното Министерството за внатрешни работи.Таа експлодирала поради неправилно ракување.

АП објави дека полицијата го уапсила тинејџерот кој ја донел бомбата, и дека најмалку тројца тинејџери се на интензивна нега. Полицијата вп Дагестан настанот го окарактеризира како несреќа, иако околностите на експлозијата не се сосема јасни.

Коментари

Популарно