Саша Поповиќ останува без Гранд: Еве кој доаѓа на негово место!

Александар Саша Поповиќ долги години е директор на најголемата продукција на Балканот, Гранд. Еден ден тоа ќе мора да се промени.

Најмалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ сака да биде на чело на Гранд. Тој веќе почна да волонтира во познатата продуцентска куќа, а еден ден сака да ја преземе.

Виктор моментално студира на приватен факултет за бизнис и менаџмент, а покрај тоа го учи занаетот од Саша Поповиќ.

Виктор не сакаше да студира во странство како неговите браќа, остана во Белград, а веќе почна да го учи семеејниот бизнис. Брена и Боба одлучија да му дадат поддршка. И на нив им одговара некој од семејството да ја преземе продукцијата и телевизијата, а мислат дека Виктор е доволно способен, изјави извор за Курир.

Виктор ја потврди oва информација.

Требаше да запишам студии во Виена, но кога поразговарав со моите родители одлучив да студирам во Србија и да работам некоја работа. Започнав во Гранд, помагам кога треба. Сакам еден ден да бидам на чело на фирмата, вели Виктор.

Коментари

Популарно