ВИДЕО: Избегнат инцидент на протестите „За заедничка Македонија“ - Талат Џафери ја провоцираше толпата

Пратеникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери, вчера со автомобил се појави пред толпата која протестира за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Тој не сакаше да се тргне од улицата каде што се движеше народот, кои уредно го имаат пријавено протестот. По неколку минути и негодување да се тргне, Џафери се повлече, а протестот продолжи по агендата. За среќа не се случи инцидент, бидејќи присутните не подлегнаа на неговата провокација и продолжија да се движат мирно, како што тоа го прават веќе 57ми ден.

Народот одлучно одговори на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го врати назад Џафери.

Коментари

Популарно