(ВИДЕО) Што се случува во мозокот на лице кое користи кокаин

Кокаинот е една од најадиктивните дроги познати на човекот, а и една од најстарите. Според некои проценки, човештвото за ефектите од билката кока, од која се добива кокаинот, знаело уште во третиот век п.н.е.

Со тест кокаинот може да се открие во урината 48-72 часа по користењето, а кај редовните конзументи потребни се околу три недели за резултатите да бидат негативни.

Кокаинот речиси моментално по шмркањето предизвикува силна еуфорија, лицето чувствува сила, храброст, физички немир и потреба за постојана активност. Кокаинот ја подига самодовербата. Зениците се проширени и нечувствителни на светлина.

Коментари

Популарно